Скршените екрани на телефон ќе бидат минато – Научниците развија стакло што не се крши

123

Научниците од кинескиот Универзитет Џилин објавија дека развиле стакло кое е толку цврсто што речиси ништо не може да го скрши.

Според нивното тврдење, новото ултрацврсто стакло кое спроведува топлина подобро од кое било стакло достапно на пазарот, поцврсто е и од природен дијамант.

До новиот вид на стакло, научниците дошле ставајќи посебен вид на јаглерод во преса и изложувајќи го на екстремни температури и притисок. Резултатот е стакло кое има цврстина од 102 GP.

Научниците објасниле дека употребиле јаглерод од 60 атоми наредени во шуплива структура која потсетува на фудбалска топка.

Во процесот на обработка, шупливата структира се распаѓа и создава структура која потсетува на онаа што ја има внатре во дијамантот. Иако научниците успеале да направат делови големи околу еден милиметар, тие сепак биле доволни за натамошно проучување.

Создавањето на стакло со такви супериодни можности отвара врата на цела низа нови апликации, истакнува авторот на студијата, геохемичарот Јигвеи Феи од Карнеги Институтот за наука во Вашингтон.

Тој појаснува дека неговиот тим, за разлика од претходните обиди, успеал да направи стакло на релативно ниски температури, што овозможува масовно производство, а со тоа и употреба, на таквото екстремно цврсто стакло.