Клубовите веќе почнаа да ги пресметуваат загубите додека трае битката со „Ковид-19“, приходите од продажба на билети, спонзори…се „замрзнати“, па сето ова ги натера соствениците на клубовите да ги кратат платите на игралите

По фудбалот и во ракометот на големо се применуваа оваа мерка. Најновата информација доаѓа од Унгарија. Во најава е спроведување на истата и тоа во еден гигант како што е Веспрем за кого настапува македонскиот репрезентативец  Дејан Манасков и Пик Сегед. Унгарските медиуми тврдат дека наскоро играчите ќе бидат извесетени, останува да се договори само процетот.