Скопје утрово со „запушени артерии“: Сообраќаен метеж и колони возила од Аеродром до Центар/ФОТО

7036

Утрово Скопјани ги дочека вистински сообраќаен метеж во населбата Аеродром. Колоната возила која почнува од Трговскиот центар Бисер, па се до Железничката станица и центарот на градот, предизвика револт и нервоза кај граѓаните кои возе буквално „во место“.

Оваа ситуација на сообраќаен метеќ и долги колони возила особено во утринските часови е честа за овој дел од градот, а не изостануваат и останатите делови на Скопје, особено кога станува збор за септември и почеток на учебната година.