Скопје урива рекорди по заболени со коронавирус, денеска 227 нови случаи

108

Во Скопје, во последните 24 часа се регистрирани 227 новозаболени со коронавирус, а вкупниот број на активни случаи изнесува 2.751. Од почетокот на пандемијата, до сега во главниот град има 10.169 заразени, а бројот на активни случаи по општини е следниот:

• Чаир – 123

• Гази Баба – 307

• Аеродром – 552

• Карпош – 446

• Центар – 454

• Кисела Вода – 310

• Ѓорче Петров – 220

• Бутел – 113

• Шуто Оризари – 16

• Студеничани – 5

• Сарај – 16

• Арачиново – 9

• Илинден – 44

• Сопиште – 22

• Чучер Сандево – 10

• Петровец –19

• Зелениково – 9

• Странец – 12

• Нераспределен- 64

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24196, бројката на оздравени пациенти е 17672, на починати е 850, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5674.