Скопје грми во звуците на „Дип парпл“/ФОТОГАЛЕРИЈА

868

Култниот рок – бенд „Дип парпл“(Deep Purple) вечерва гостува во Скопје, вистинско уживање за вљубениците во безвремената рок музика.

Концертот што се одржува во организација на Авалон продукција, првично беше планирано да се одржи на стадионот на АРМ, поради временските услови беше преместен во Арената „Борис Трајковски“. Но, тоа не беше пречка за македонската и за рок-публиката од регионот да уживаат во звуците на „Smoke on the water“, „Hush“, „Strange kind of woman“, „Woman from Tokyo“, „Knocking at your back door“, „Highway star“ и уште многу други хитови што го одбележаа петдецениското постоење на овој легендарен бенд во музичката историја.

Фото: П.Стојановски