Скопје го добива својот прв Ритeил Парк

310

Скопје и официјално го добива својот прв Ритeил Парк – Поинт Ритeил Парк. По примерот на европските метрополи, Поинт Ритаил Парк е прв ваков тип на шопинг центар во македонската метропола и е лоциран во општина Чаир – Бутел, на местото на некогашната фабрика Типо.

Позциониран е на достапна локација, помеѓу два булевара кои се стратешка комуникациска точка помеѓу скопските населби Центар, Карпош, Бутел и Чаир. Се простира на нето површина од 9.500 квадратни метри и 300 паркинг места каде  посетителите од 18 јули, кога е планирано отворањето на центарот, ќе можат да уживаат во шопинг на познати брендови. Исто така, во рамки на Поинт Ритеил Паркот ќе има и ексклузивен ресторан, супермаркет, банка, игротека и продавница за деца на површина од 2.500 квадрати.

Ваков концепт кој е развиен насекаде во светот, а посебно во Европа и регионот е нешто што му недостасуваше на Скопје да го позициониран на највисоко место во регионот.