Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

35

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење. Тоа го потврдуваат и анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе локации низ градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 13.03.2023 до 17.03.2023 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Скопје.