Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

27

Водата во Скопје е квакитетна и безбедна за пиење. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе локации во градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 19.09.2022 до 23.09.2022 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Скопје.