Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

42

Скопската вода е квалитетна и безбедна за пиење. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе места во градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 04.10.2021 до 08.10.2021 зема 210 примероци за физичко-хемиска и 210 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 53 мерни места во Скопје.