Скопјани пијат безбедна и квалитетна вода

31

Скопје има безбедна и квалитетна вода за пиење. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе локации во градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 11.10.2021 до 15.10.2021 зема 162 примероци за физичко-хемиска и 162 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Скопје.