Поради поголема брзина од дозволената, сообраќајната полиција од сообраќај исклучила 130 возачи, 51 возач биле под дејство на алкохол, 74 возеле пред да се стекнат со право на управување моторно возило, како и 12 возачи почетници.

Од сообраќај се исклучени и 59 нерегистрирани возила и едно возило за претовар. За непрописно паркирање се издадени 143 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 107 возила.

Од јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“ (ПОЦ) информираат дека во текот на минатата недела биле санкционирани 292 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

– Во периодот од први до осми јули со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 147 непрописно паркирани возила, од кои две несовесно паркирани возила на паркинг места наменети за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 145 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани – велат од ПОЦ.

Од полицискиот билтен ќе издвоиме и дека санкционирани се и тројца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин, 17 возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четворица кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување и еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница.

Казнети се и 65 возачи за некористење на заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, 12 за неносење сигурносен појас за време на управување на моторни возила и 27 за користење на мобилен телефон за време на управување на моторно возило.