СКОПСКИ КОНЦЕРТ НА ЗДРАВКО ЧОЛИЌ НА ПЛУС 40!: Среќни, распеани и испотени, со хитовите на мегаѕвездата!

858

-Оваа ноќ е жешка, летна, под полна Месечина, ајде добри луѓе заедно да уживаме искрено… кажа на почетокот од својот скопски мегаконцерт популарниот белграѓанец Здравко Чолиќ. Концертот го почна со хитот „Продужи даље“, па следејќи го насловот на песната распеаната и расположената публика од многу македонски градови, но и од градовите од јужна Србија, три полни часа заедно со својот миленик пееја хитови со него кои никогаш нема да можат да бидат здодевни.

Се редеа новите и старите песни: „Пусти, пусти моду“ ,“Красива“ „Ти си ми у крви“, “Главо луда“, Једна зима са Кристином“, “Звао сам је Емили“, “Живиш у облацима мала“, “Остани да ти кажем нешто још“, “Мјеркам те мјеркам“, “Шљиве су родиле“, “Чија је оно звијезда“, “Ти можеш све“… И никогаш доста нема да и биде на публиката во друштвото на овој пејач кој со својата харизматичност постои повеќе од 40 години на естрадата. Здравко им е во крвта на луѓето без разлика на верата и нацијата…

Токму така среќни и испотени беа сите на спектакуларниот концерт на балканската поп-ѕвезда иако за некои е на некој начин и одѕив на ЈУ-носталгија. 68-годишниот пејач овојпат на Градскиот стадион во Скопје направи вистинска журка инаку, трета во низа, по двете лани во ВИП-Арената, во организација на „Прагма продукција“, а се очекува и уште еден на крајот од летово во Кавадарци во септември.

Омилениот пејач повторно ни донесе насмевки на лицето, спомени од младоста, но за оние постарите и надеж како полесно со неговите убави песни да се носиме со староста! Затоа имаат право оние кои велат дека на концертите на Здравко Чолиќ, секогаш имаш чувство како да си освоил бинго, било која песна да је пее тој, токму тоа е онаа твојата најомилената која си ја извлекол за срцето и душата. Не можеш да се одлучиш која ти је поомилена…

А, самиот Здравко иако по оној температурен пекол, елегантно облечен, во тегет и во бел костум, и со сè уште долга коса. Дамите се палат на него, а на мажите им е пример како да се изгледа свежо на тие години… додека детските играчки летаа кон сцената, Здравко ја држеше пеколната атмосфера, сè до самиот крај… Потоа после концертот се поздравуваше со обожавателките, неуморно се сликаше со нив, се бакнуваше, гушкаше… и сè така долго во ноќта кога одвај го пуштиле да си замине на спиење во еден убав скопски хотел.    Дуле М.

ФОТО: Петар Стојановски