Скопските градоначалници утре на состанок со Комисијата за заразни болести

10410

Утре се очекува да има состанок на членовите на Комисијата за заразни болести со градоначалниците на скопските општини на кој ќе се разговара за можностите на локалните самоуправи да се вклучат во справувањето во коронавирусот.

Комисијата за заразни болести во петокот излезе со соопштение дека мора на секое ниво да се јакне свеста за превенција од вирусот, а градоначалниците треба посилно да помогнат во справувањето со растечкиот број на заразени од коронавирусот.

Во моментов во државаа има 40 кластери од кои се шири вирусот и според епидемиолозите, тоа е резултат на непочитувањето на мерките за лична заштита, дистанца и избегнување групирања и собири.

Најмногу инфицирани со Ковид – 19 има во Скопје, од кои најповеќе се евидентирани во општина Чаир.