Скопскиот аеродром подготвен за отворањето в среда според сите светски протоколи

Имавме разговор со „Виз ер“. Од 1 јули продолжуваат да летаат и да ги исполнуваат сите обврски од договорот. За нас како влада авиосообраќајот е исклучително битен. Пред кризата на македонските аеродроми од година на година се рушеа рекорди на патници, што е важно и за економијата и за туризмот. Се надевам  дека во натамошниот период и покрај кризата прво ќе се вратиме во нормала, а потоа ќе имаме раст, рече Сугарески

552

Во целост се запазени сите протоколи за заштита од ковид19, а сега е клучно патниците да ги почитуваат тие протоколи за да се избегне ширење на заразата. Ова го порача министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој заедно со министерот за здравство Венко Филипче, во придружба на директорот на ТАВ „Македонија“, Алпер Ерсој, направи обиколка на скопскиот аеродром. Според Филипче, на скопскиот аеродром ги виделе протоколи кои се според сите светски стандарди.

Со одлука на Владата, Меѓународниот аеродром „Скопје“ и охридскиот аеродром „Свети апостол Павле“ се отвораат в среда, на 1 јуни, по три ипол месеци неработење, но со почитување на строги протоколи за заштита од заразата.

Филипче посебно појасни дека ТАВ поставил термални камери на влезот на аеродромот за мерење на температурата на патниците, а доколку се појави патник со покачена температура, ќе го презема екипи на Центарот за јавно здравје, кои се на аеродромите, а во функција ќе биде собата за изолација каде што може да индицира тестирање.

Сугарески, пак, информира дека и нискобуџетната авиокомпанија „Визер“, која има договор со Владата и добива субвенции за одржување на одредени летови, ќе продолжи да оперира на двата аеродрома

-Имавме разговор со „Виз ер“. Од 1 јули продолжуваат да летаат и да ги исполнуваат сите обврски од договорот. За нас како влада авиосообраќајот е исклучително битен. Пред кризата на македонските аеродроми од година на година се рушеа рекорди на патници, што е важно и за економијата и за туризмот. Се надевам  дека во натамошниот период и покрај кризата прво ќе се вратиме во нормала, а потоа ќе имаме раст, рече Сугарески.

Директорот Ерсој, кој ѝ се заблагодари на Владата на добрата комуникација и соработка, рече дека во периодот од три ипол месеци, колку што беа затворени аеродромите, се следеле сите национални и интернационални препораки и инструкции. Тој уште еднаш информираше за воспоставените протоколи кои мора да ги следат сите патници. Тоа се ставање маска при влез на аеродромот, поминување преку теписи за дезинфекција, дезинфекција на рацете, мерење на телесна температура. Процесите поради тие мерки ќе бидат побавни, па патниците ќе мора да пристигнат на аеродромите три часа порано, а лицата кои ги испраќаат нема да смеат да влезат во терминалната зграда.

Со летови од скопскиот аеродром, како што информира Ерсој, на 1 јуни ќе стартуваат „Туркиш ерлајнс“, „Пергасус“, „Виз ер“. Со лет со кој ќе допатуваат туристи од Хиоландија и Полска, пак, в четврток се отвора и охридскиот аеродром.

(С.В.)