Скопската вода е квалитетна и безбедна за пиење

27

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење. Тоа го потврдуваат и анализите од испитувањата на примероците вода земени од повеќе делови на градот спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Инаку, Секторот за санитарна контрола во периодот од 26.07.2021 до 30.07.2021 зема 198 примероци за физичко-хемиска и 198 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во град Скопје.