Доктор од Белград испратил преставка до Општинскиот одбор за здравје и семејство во која бара со закон да се забрани употребата на скара на жар во регистрираните угостителски објекти, и тие да се заменат со електрична или скара на гас, поради се почестата појава на карцином на дебело црево, пренесоа српските медиуми.

Пратеникот Милован Кривокапиќ ги известил членовите на Одборот за преставката од граѓаните и докторот Иван Николиќ од Белград. Докторот навел дека во создавање на карциномот на дебелото црево голема улога имаат хетероцикличните амини и полицикличните ароматични јаглени хидрати, кои се создаваат само при консумација на скара на жар (јаглен).

Најголем виновник кој иницира создавање на потенцијално канцерогени соединенија е високата температура на печење или пржење на месото и рибата на отворен оган. Најштетно е кога стопената маст од храната капе на жарот заедно со чадот и создава канцерогени соединенија кои се таложат на површината на намирниците.

Ако веќе сакате да правите скара, потребно е месото да се врти често, за температурата на печење секогаш да биде ниска.