Благо кажано, кралицата Елизабета е бесна и му се заканила на помладиот син Ендру дека ќе го исфрли од кралското семејство откако се дозна за неговата поврзаност со контроверзниот бизнисмен Џефли Епстајн, пишува Глоуб.

Епстајн во моментов се наоѓа во притвор под обвинение дека тргувал со малолетнички и ги принудувал на секс, при што најмалку една жртва му ја позајмил на синот на кралицата Елизабета поради секс, се вели во документите. За секс со малолетнички во САД е предвидена казна затвор до пет години.

Името на личноста која принцот Ендру наводно сексуално ја злоупотребувал е Вирџинија Џуфри. Таа денес има 35 години, а кога Епстајн ја врбувал делела пешкири во голф клубот на Доналд Трамп и имала само 15 години.

Вирџинија изјави дека Епстајн ја принудил да спие со принцот Ендру во Лондон во 2001 година, во приватната куќа на Епстајн во Њујорк истата година, и следната година на неговиот приватен карипски остров.

Бакингемската палата ги отфрла овие обвинувања.