Се случи и првиот скандал на Европското првенство во фудбал и тоа на натпреварот меѓу Франција и Германија, кој заврши во корист на „триколорите“ со 1:0.

Еден човек се обиде да ја рекламира борбата против нафтеното загадување во светот. Тој со падобран се спушти на стадионот, а при слетувањето повреди неколкумина. Откако приземји на теренот веднаш беше „уловен“ од обезбедувањето.