Скандалозно ВИДЕО на грчката телевизија: „Креативни“ идеи за кражба на гориво

440

Поради поскапувањето на горивата, но и недостигот, возачите во Грција добиваат „креативни“ совети на телевизија како да ги решат проблемите со цената на овој енергент.

Имено, грчкиот јавен сервис понуди практичен, но не и легален начин за брзо, лесно и евтино добивање гориво. Сè што треба да направите е да земете црево и да украдете гориво од туѓ резервоар.

Утринската програма на телевизија во Грција покажа целосни инструкции, чекор по чекор, како да се преточи гориво од туѓ резервоар.

„Не е страшно комплицирано… не ви треба ниту посебна цевка, ќе послужи дури и цревото за вода за балконите“, објасни новинарот Костас Стаму.

Беше објаснето и како може да се пробие резервоарот, а реакциите меѓу јавноста и на социјалните мрежи по објавување на прилогот на телевизијата беа бурни.