Скамака главен во нападот

51

Новиот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, е последниот клуб кој се вклучи во трката по потписот на големиот талент од редовите на италијанскиот калчолигаш Сасуоло, Џанлука Скамака. Пред неколку дена челниците на Сасуоло ја одбија официјалната понуда на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, но италијанските медиуми пишуваат дека раководните лица на ПСЖ се подготвени да одвојат околу 45 мил. евра за обештетувањето на Скамака.