Си Џинпинг го подготвува теренот за трет мандат на чело на Кина

75

Комунистичката партија ги избра сите делегати за 20.когрес кој ќе започнена 16 октомври и кој би требало да му овозможи на претседателот Си Џинпинг да го презее третиот мандат на чело на државата.

„Секоја изборна единица низ земјата свика партиски конгрес или претставнички партиски состанок и избра 2.296 делегати за 20.партиски конгрес“, јави државната телевизија ЦЦТВ.

Делегатите, вклучително и жени, припадници на етничките малцинства и економски, научни и спротски стручњаци, мораат да се придружат на идеолошката ориентација на Си и партискиот статут, додаде телевизијата.

Конгресот кој ќе биде организиран во Пекинг доаѓа во момент кога кинескиот претседател се соочува со неколку потешкотии, меѓу кои влошената економска систуација и односите со САД.