Си замина уште една скопска легенда: Почина сопственикот на култната „Апче“

5495

Корисниците на социјалните мрежи се простуваат од Елем Кадриа, или како што го нарекуваа бате Ељам, сопственикот на најпознатата и најстара слаткарница во Скопје, култната „Апче“.

Скопје останува без една од своите легенди, но и од добар човек и пријател, пишуваат скопјани на социјалните мрежи.

„Со длабока БОЛКА И ЖАЛ ви сопштуваме на сите роднини и пријатели дека нашиот пред се татко, дедо и газда на СЛАТКАРНИЦА АПЧЕ со големо срце денес за жал почина. Погребот со сите протоколи ќе биде на гробиштата во село Јаловјане – Тетово во 13 часот. Со почит од персоналот на СЛАТКАРНИЦА АПЧЕ“, објавија вработените во слаткарницата. 

Во постот, тие ја известуваат јавноста дека Кадриа не починал како последици на коронавирусот, туку од други причини.

Слаткарницата Апче отсекогаш важеше за место во главниот град каде се пиеше најдобрата боза, а се јадеа и омилени традиционални слатки.