Си го сака родниот град, Тијана кај мама Брана со синот Вук: во Скопје, ѝ е секогаш потопло

395

Работава е сега да се истурка зимата, можеби скопската со оглед дека сме на југ, ќе биде поблага од онаа белградската, за која Тијана вели дека никогаш нема да може да се свикне на грозната белградска кошава

Не,не се во Белград во омилената улица „Кнез Михајлова“, преполна со секакви изненадувања, туку тука се во нашето Скопје. Со првите студени есенски денови, Тијана Дапчевиќ викендите најчесто ги користи да биде во домот на својата мама Брана, со синот Вук кој е веќе израснато момче. Папараците или подобро речено фоторепортерите ги пресретнале во улицата „Македонија“ спроти Старата железничка станица, секако добро облечени, бидејќи ако некој не ја поднесува зимата, тоа е Тијана.

Таа е морско дете, па целото лето го поминува во Грција, на Халкидики, каде што со сопругот Милан имаат венчален кум. Но, работава е сега, да се истурка зимата, можеби скопската со оглед да сме на југ, ќе биде поблага од онаа белградската за која Тијана вели дека никогаш нема да може да се свикне на грозната белградска кошава која и коските ги „кине“, така што, во нејзиниот случај никако не важи онаа старомодна поговорка „Што јужније то тужније“. Никако! Кај мајка ѝ е секогаш повесело, поубаво, потопло, особено ако друштвото им прави и ќерката на сестра ѝ Тамара.  (Д.М.)