Си го покани Путин да ја посети Кина оваа година

32
EPA-EFE/SERGEI KARPUHIN

Кинескиот претседател Си Џинпинг, кој е во тридневна државна посета на Русија, денеска изјави дека го поканил рускиот претседател Владимир Путин оваа година да ја посети Кина.

Кинескиот лидер ова го изјавил на средбата со рускиот премиер Михаил Мишустин, пренесуваат руските медиуми.

Си Џинпинг го покани и Мишустин што поскоро да ја посети Кина, со цел да се врати механизмот за редовни средби меѓу шефовите на владите на двете земји.

Тој објасни дека избрал прво да ја посети Русија откако по третпат е избран за претседател на Кина бидејќи, како што наведе, тоа одговара на историската логика.

„Ние сме најголеми земји и стратешки партнери“, рече Си.