Ситна пара за Боки 13: Летните хит-сандали “Версаче“ за само 1.600 американски долари!

296

Без разлика на сите случувања околу притворањето во затворот во “Шутка“, а тоа е некоја сосема друга тема за пишување, факт е дека модниот стил на Бојан Јовановски-Боки 13 едноставно не можевме никогаш да го игнорираме… Тој секојдневно на Инстаграм објавуваше над стотина фотографии на кои е во најразлична трендовска облека и трендовски обувки, па со самото тоа стана и најчудно облечен маж во Р.Северна Македонија! Со пари кои се скоро сосема недостижни за обичните смртници. Вкупната дневна вредност на неговите комбинации надминуваше некогаш и преку 10.000 евра, па така тој многу пати изгледаше екстравагантно, а јавноста се чудеше од каде му се тие пари?

Затоа не можевме да му ги игнорираме и скапите машки сандали со кои Боки 13 неодамна се појави, а кои кај многу мажи кои ја следат модата ја “прелеа чашата“ на револт. Тоа се навистина скапи сандали, чинат околу 1.600 американски долари. Боки на социјалната мрежа Инстаграм се пофали токму со тие сандали од “Версаче“. Во прашање е црн машки модел „Icon Sandals“ (има и во бела варијанта) со препознатливото лого на славната модна куќа. Но секако дека не се само овие сандали со шокантна цена за (нас) „обичните смртници“. Такви се и речиси сите останати модели со потписот на реномираните брендови како што се: Версаче, Долче и Габана, Гучи, а кои за Јовановски беа лесно достапни и евтини. Па, така колку за споредба се и неговите златни чизми до глужд, со кои ни се пофали неодамна, а чинат околу 1.000 долари, итн, итн….