Сити ја пронајде замената за Силва

86

Шампионот на Англија, тимот на Манчестер Сити е заинтересиран за играчот од средниот ред на Реал (М), Франциско Иско.

Според „Марка“ менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола во 27-годишниот Шпанец гледа замена за Давид Силва, кој најави дека ќе го напушти “Итихат” следното лето.

Договорот на Иско со Реал (М) има важност до 2021 година, а минатата сезона, тој настапи на 37 натпревари на кои постигна шест погодоци и запиша една асистенција.