Сити нема да купи нов фудбалер

19

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги откри плановите на „граѓаните“ кога е во прашање зимскиот преоден рок.

  • Никој нема да потпишеме во текот на зимата. Не разговаравме за тоа, а клубот ќе ја заврши сезоната со играчите што ги имаме сега, изјави Гвардиола за „BeIN Sports“.

Манчестер Сити во моментов се наоѓа на второто место на премиерлигашката табела со 35 освоени бодови од 17 натпревари. Лидер е Манчестер Јунајтед со 37 бода, но и натпревар повеќе од градскиот ривал.