Таткото на аргентинскиот интернационалец од редовите на Јувентус, Гонзало Игуаин, Хорхе, експресно ја демантираше пласираната шпекулација дека неговиот син не сака да се врати во Торини и дека сака да остане во Аргентина покрај својата мајка која има карцином.
- Сите работи кои ги пишуваат за Гонзало се лага. Можам со сигурност да ви кажам дека тој ќе остане во Јувентус, бидејќи има уште година и пол од неговиот договор со клубот и планира да го испочитува. За време на тие 18 месеци тој самиот ќе одлучи што понатаму, бидејќи само тој ја има судбината во свои раце. Ви гарантирам дека Гонзало нема никаква желба да го напушти Јувентус, каде навивачите го сакаат, а и тој исто така ги сака нив, како и клубот, изјави Хорхе Игуаин.