Сите пари кои ги имам би ги дал за една работа

167

Капитенот на Борусија од Дортмунд, Марко Ројс, пред десет години важеше за најголем германски талент и еден од најголемите таленти во фудбалскиот свет. Под водство на Јурген Клоп, Ројс го играше најубавиот фудбал во Бундеслигата и пет сезони по ред беше дел од идеалниот тим во домашниот шампионат. Со Борусија од Дортмунд беше дел од финалниот натпревар во Лигата на шампиони, но никогаш не го презентираше својот полн потенцијал кој ќе му осигураше трансфер во редовите на некој европски гигант.

Причината за таквиот епилог треба да се побара само во честите повреди. Капитенот на Борусија во 2014 година го играше најубавиот фудбал во својата кариера, но поради тешката повреда мораше да го прескокне СП во Бразил, кое на крајот беше освоено од репрезентацијата на Германија. Исто така, во изминатите неколку години почесто беше во свечената ложа или во центарот за рехабилитација од повреди отколку на зелениот терен.

  • Сите пари кои ги имам веднаш би ги дал само за една работа. Да сум здрав и да играм нормално, без никаква повреда. Никогаш не сум замислувал да ставам крај на мојата кариера, знаев дека ќе се вратам уште посилен. За жал, премногу пати ми се има случено тоа, да бидам повреден. Сега кога некој од моите тимски колеги ќе се повреди, јас сум тука за него, да му помогнам, затоа што добро знам низ што се поминува, изјави Ројс.