Комплетната дискографија на прославениот Васил Хаџиманов, и неговиот бенд, сега е достапна на сите дигитални платформи објавени од „Кроација рекордс“.

Станува збор за осум албуми кои сега се достапни за луѓето ширум светот.

“Албуми кои секогаш ги поместуваат границите на прогресивната музика, кои музичките критичари ширум светот ги препознаваат и наградуваат највисоките оценки. Албуми кои добиваат одлични критики, кои публиката со голем интерес ги следи во секоја нова изведба, велат од „Кроација рекордс“.

Во последните 20 години, Васил Хаџиманов и неговиот бенд со голем успех ја изведуваат својата музика на концерти и музички фестивали во регионот и низ целиот свет. Сите нивни изданија и нивната музика се прогласени за уметнички дела од културно значење.

Оваа година Васил Хаџиманов ја освои наградата за најдобар џез-пијанист на електричното пијано на 41-те Annual Jazz Station Awards, додека бендот го зазеде второто место во категоријата „најдобра џез група“.