Третиот човек кој ја премина магичната граница од 1.000 голови во ракометната  Лигата на шампионите е крилото на македонскиот шампион Вардар, Тимур Дибиров, кој гостуваше во подкастот на „Balkan-Handball“ неколку дена пред стартот на завршниот турнир во елитното натпреварување во Келн. Оваа зезона на фајнл – форот во Келн за титулата ќе се борат Веспрем, Киелце, Барселона и Кил.

Лево крило, кое досега одигра девет одлични години во Вардар, со кој двапати се искачи на врвот на европскиот ракомет, зборуваше за амбициите на тимот, успехот во минатата сезона, зашто одлучил да остане во „црвено – црниот“, но и дека е задоволен од освојувањето на двојната круна.

-Клубот и јас заедно сакавме да ја продолжиме соработката. Јас никогаш не се ставав над клубот, немам такви амбиции. Сите знаат дека мојата желба беше да останам. Но, имаше некои проблеми кои мораа да се решат. Сакав сè да биде исто, а тимот да продолжи да се развива. Сакав да ги видам амбициите на клубот и каква ќе биде ситуацијата. Со освојувањето на двојната круна сè стана полесно. Вардар мораше да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, бидејќи знаеме дека тешко е да се привлечат сериозни играчи и тренери без да се учествува во најелитното клупско ракометно натпреварување. Среќен сум и можам да кажам дека Вардар е мој дом, изјави Дибиров.

Тој откри дека се уште е довоно мотивиран и оти тоа е клучот за неговата добра игра на теренот.

-Сите добри играчи ја завршуваат кариерата, но некои тоа го прават од немање мотивација, а некои од повреди. Мотивацијата и гладта за успех беше водилка на големи ѕвезди како Кирил Лазаров, Ласе Сван, Мишел Гигу, Александар Петерсон…, кои по завршување на оваа сезона во својата петта децениј одлучија да ја завршат кариерата. Можам да кажам дека ракометот е мојот живот и јас на секој натпревар имам желба да победам, а многу сум разочаран кога губам или кога тимот не игра како што сме се договрилие, вели Русинот.

Русинот се наврати на големата битка и ривалството против Еурофарм Пелистер за титулата во домашниот шампионат сезонава која ја осовоија благодарение на победата на гостински терен во Битола.

-Битката за титулата е одлична за македонскиот ракомет. Каде што има конкуренција расте нивото на ракометот и на репрезентацијата. Знаевме дека ќе биде тешко, бидејќи загубивме во Скопје. Тие имаат одлична публика и беше навистина голем предизвик. Но, големите екипи на такви натпревари покажуваат зошто се на врвот, откри меѓу другото рускиот ракометар.