Американската тенисерка Коко Гоф, нема дилема кој е најдобар тенисер на сите времиња. Нејзини идол од детството е Швајцарецот Роже Федерер, од кого, како што вели, секогаш имала што да научи.

-Сите знаеме дека Федерер е најдобар во светот, на теренот и надвор од него. Заради влијанието на играта, генерално однесувањето, но и односот кон медиумите. Се тоа се обидувам да го научам и подготвам, изјави Гоф.

Седумнаесетгодишната тенисерка не заборави и да му се заблагодари на Швајцарецот за советите кои и ги дал во нивните неколку средби.

-Тој е одлично момче, имав можност да го запознаам и неколку пати да разговарам со него. Секогаш ми даваше поддршка. Искрено, немам доволно зборови да го опишам. Мислам дека во него нема ништо лошо. Тој е еден од најдобрите играчи и луѓе кои сум ги запознал, заврши американската тинејџерка.

Гоф моментно е 19. тенисерка на ВТА листата, а досега успеа да освои два ВТА-трофеи.

Федерер, пак, поради повреда на колената не е активен играч скоро две години, а би требало да се врати на теренот, на првиот грен слем турнир наредната година Австралија опен во Мелбурн.