Организациониот одбор на Зимските олимписки игри во Пекинг, во 2022 година, објави дека ќе направи детална анлиза како ќе влијае одлуката на нивните планови Летните олимписки игри во Токио да се одржат една година подоцна заради пандемијата со коронавирусот.

Во своето соопштение организаторите на Игрите во Пекинг 2022 година истакнаа дека се во блиска комуникација со Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) со цел да се осигураат дека постапуваат правилно во одредена ситуација.

Јапонските власти и ИОК пред извесно време се договорија Игрите во Токио да ги поместат за една година заради пандемијата со коронавирусот

Новиот термин за ОИ во главниот град во Јапонија е од 23 јуни до 8 август 2021 година, а Зимските олимписки игри во Пекинг би требало да се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година.

Иако Летните и Зимските олимписки игри ќе се одржат во временски период од шест месеци, организаторите на Олимпијадата во Пекинг 2022 велат дека подготовките течат според планот и дека не размислуваат за одложување на настанот.

-Веруваме дека Летните олимписки игри во Токио и Зимските олимписки игри во Пекинг ќе бидат успешни , се наведува во соопштението на Организациониот одбор.

Пекинг организацијата на игрите ја доби во 2015 година кога го победи казахстанскиот кандидат Алмати.  Со ова стана првиот град во историјата на кого му беше доделаена организацијата на Летните и Зимските олимписки игри. Претходно Пекинг беше домаќин на ЛОИ во 2008 година.