Сите го сакаат Хакими

63

Од ден на ден се поголем и поголем е интересот за услугите на мароканскиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Акраф Хакими.

Офанзивниот бек ја одработува и втората сезона како позајмен играч на „Сигнал Идуна Парк“, а на крајот од сезоната има обврска да се врати во редовите на шпанскиот гигант Реал (М).

Челниците на „кралскиот клуб“ имаат намера да го задржат на „Сантијаго Бернебеу“, но голем интерес за неговите услуги покажаа европските гиганти Јувентус, Челзи и ПСЖ.