Сите го сакаат Траоре

67

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити и италијанскиот калчо гигант Јувентус, се последните два клуба кои покажаа интерес за услугите на крилниот напаѓач од редовите на Вулверхемптон, Адама Траоре. Благодарение на одличните игри во актуелната сезона, поранешниот фудбалер на Барселона го привлече вниманието и на раководните лица на Баерн (М) и Ливерпул. Траоре ќе ја добие потребната дозвола за да ја промени клупската средина само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 80 мил. евра.