Актуелниот европски клупски шампион, тимот на Ливерпул и германскиот гигант Баерн (М), се последните два клуба кои покажаа интерес за услугите на шпанскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Фабијан Руиз.

Младиот играч за врска изјави дека сака да остане на „Сан Паоло“, уште неколку сезони, а според челниците на Наполи неговата слобода ќе чини најмалку 60 мил. евра.

Интерес за неговите услуги покажаа и шпанските гиганти Барселона и Реал (М).