Сите го сакаат Менди

178

Од ден на ден, се поголем и поголем е бројот на клубови кои ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на големиот талент од редовите на францускиот гигант Олимпик од Лион, Ферланд Менди.

Француските медиуми се убедени дека Менди е далеку подобар играч од Лукас Хернандез кој пред неколку недели беше купен од Баерн (М) за 80 мил. евра. Интерес за услугите на 23-годишниот офанзивен лев бек веќе покажаа раководните лица на Барселона, Реал (М), Манчестер Јунајтед, Челзи и на Јувентус.