Сите го сакаат Госенс

58

Актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Атлетико (М) е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на германскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Аталанта, Робин Госенс. Претходно голем интерес за неговите услуги покажаа и раководните лица на Јувентус и на Борусија од Дортмунд, но челниците на Аталанта ќе седнат на преговарачката маса само доколку официјалната понуда не биде помала од 30 мил. евра.