Сите го сакаат Вернер

110

Германските медиуми открија дека европските гиганти Барселона и Манчестер Јунајтед, веќе испратиле официјална понуда за услугите на најдобриот фудбалер во дресот на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Тимо Вернер.

Репрезентативецот на Германија сигурно ќе ја промени клупската средина на крајот од актуелната сезона, а пред неколку дена изјави дека му се допаѓа идејата за трансфер во редовите на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Ливерпул. Понудата за неговите услуги не смее да биде помала од 55 мил. евра.