Сите вие сте п*чкици!

87

Германскиот тренер, Томас Тухел, познат е и по тоа што се обидува на секаков можен начин да биде посебен. Лесно може да се дојде до заклучок дека се обидува да го имитира Пеп Гвардиола со своите идеи и со амбицијата секога да биде чекор напред во споредба со останатите.

Моментално Тухел е предводник на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, каде се обидува да докаже дека е тренер од светска класа. Пред неколку дена во јавноста беа откриени неколку детали од времето кога Тухел беше предводник на бундеслигашот Борусија од Дортмунд.

Во април 2017 година, пред стартот на 1/4 финалниот дуел помеѓу Борусија од Дортмунд и Монако, во близина на “Сигнал Идуна Парк”, одекнаа три експолозии, а во нападот беше повреден дефанзивецот на “милионерите”, Марк Бартра.

За разлика од јавноста, која беше во шок, Тухел веќе на следниот тренинг вербално ги нападнал своите играчи.

  • П*чкици, јас ли треба да го победам Баерн (М)?, грмел Тухел на потресените играчи кои неколку дена претходно не сакаа да го играат дуелот против Монако.

Еден месец подоцна, Тухел доби отказ од клупските челници, но не поради резултатите, туку поради проблем со фудбалерите и со извршниот директор Хас-Јоаким Ватцке.