Сирење и вино – проверена диета!

242
Cheese from northern France: Maroilles cheese, unpasteurized farm cheese, soft cheese with an orangey-red washed rind. (Photo by: Andia/UIG via Getty Images)

Да, не ве лажат очите, добро прочитавте!  Доколку сакате да изгубите некој вишок килограм оваа диета ќе направи чуда за вас. Ваше е само уживате, а комбинацијата од корисни состојки во сирењето и црвеното вино ќе си го направат своето.

Лекарите слободно советуваат да пиете чаша црвено вино секој ден за здраво срце. Уште подобро ако го комбинирате со сирење, кое е познато како млечен производ богат со многу хранливи материи. Се смета дека диетата со вино, сирење и леб во текот на три дена може да ви помогне да изгубите 3-4 килограми. Идеална идеја што можете да ја пробате веќе викендов.

Појадок: две парчиња сирење (100 грама), едно парче интегрален леб и една чаша суво бело вино.

Ручек: две и пол парчиња сирење (120 грама), две парчиња интегрален леб, сад со овошје со ниска калориска вредност и една чаша бело вино.

Вечера: едно парче сирење (75 грама), две парчиња интегрален леб и една чаша црвено вино.

Одговорот зошто оваа диета е ефикасна се крие во неколку научно објасниви причини.

Протеини: Сирењето е еден од најдобрите извори на протеини за вегетаријанците. Тоа е млечен производ кој содржи најголемо количество млечни протеини. Мастите на сирењето не се толку високи колку оние на путерот. А немасните сирења се уште поздрави.

Вино: Алкохолен пијалок кој е здрав за вашето срце. Исто така, ви дава сјајна и блескава кожа. Виното е во основа ферментирано грозје, така што е полно со природни шеќери. Значи, технички, вие не конзумирате вештачки шеќер.