Шпанскиот ветеран Хозе Мануел Сиера ќе ја прекине пензијата и ќе им се врати на ракометните терени. Тој наредната сезона ќе ги брани боите на екипата на Бидасоа Ирун. Неговиот договор е на една година и ќе му овозможи да биде конкурент на Жоан Ледо.

Сиера (42) во текот на кариерата беше дел од Барселона, Ваљадолид, Сиудад Реал, ПИК Сегед и ПСЖ. Се работи за искусен чувар на мрежата кој во кариерата има освоено светско злато со „црвената фурија“.

Бидасоа Ирун сезонава ќе игра во Европската лига, натпреварување во кое Македонија ќе ја претставува Еурофарм Пелистер, а квалификации ќе играат Металург и Бутел.