Еден од најдобрите плејмејкери на сите времиња, Ајзеа Томас, кој своевремено го носеше дресот на Детроит, откри интересни детали од приватниот живот. Тој дојде во лигата како втор пик на НБА драфтот во 1981 година.

  • Научив да играм кошарка без да ги познавам позициите. Влегував на терен и играв, како што сега ја нарекуваат модерна кошарка, започна Томас, па се присети на една анегдота од времето во колеџ:
  • Никогаш нема да го заборавам денот кога Боб Најт (НБА тренер) дојде во мојот дом. Регрутерите доаѓаа кај нас во текот на денот, бидејќи немавме струја, а само шише вода ни седеше во фрижидер. Бевме многу сиромашни. Еден ден дојде еден регрутер со актовка во која имаше 100.000 долари. Се израдувавме како мали деца, додека  мајка ми седеше во ќош и дофрли: „Мојот син не е на продажба!“. Потоа ги исфрли од куќата и не можевме да ја смириме, се присети Томас.

Тогаш тренерот Најт успеал да го убеди со убави зборови.

  • Тој дојде со јакна на Индијана Хегерс. За време на тој разговор, никогаш не зборуваше со мене, а цело време разговараше со мајка ми. Никогаш нема да го заборавам ова, тој рече дека ќе понуди три работи за неа и за мене: Јас ќе бидам господин, тој ќе ме научи сè што знае во врска со кошарката и ќе имам врвно образование. Знам дека тогаш помислив „не одам во Индијана со сигурност“. Но, на мајка ми тоа многу и се допадна, заврши легендарниот кошаркар кој 13 сезони мина во НБА лигата.