Синот на Михаел Шумахер, 21-годишниот Мик, уште еднаш покажа дека е исклучителен талент.

Мик заврши на четвртото место на трката во Формула 2 во Бахреин со болидот во Према Рејсинг и остана лидер во генералниот пласман со 203 бода.

Сепак, она што го стори на почетокот на трката беше феноменално. Мик тргна силно и од десеттата позиција успеа да се искачи на четвртото место во само една кривина.

Овој одличен млад возач привлекува големо внимание и нема сомнение дека наскоро ќе добие шанса во Ф1, не само затоа што е син на легендарниот Михаел, туку и затоа што е одличен возач.

Татко му сигурно е горд на него.