Синот на пратеникот Благојче Трпевски меѓу загинатите во сообраќајната несреќа

120
Фото: МИА
Фото: МИА

Пратеничката група на СДСМ за Телма потврди дека меѓу загинатите е и Јовица Трпевски син на пратеникот Благојче Трпевски од Гостивар. Тој е една од 13-те жртви во страшната сообраќајна несреќа што доцна попладнево се случи на автопатот Скопје – Тетово.

Несреќата според очевидци се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.