Екипата на МЗТ Скопје денеска се засили со младиот Наумоски Михаил (17), син на поранешниот македонски репрезентативец, Петар Наумоски.

Михајло Наумоски игра на позицијата крилен центар, а оваа сезона ќе ја доигра во дресот на МЗТ Скопје УНИ Банка.

  • Со нетрпение очекувам да се завршат сите формалности околу договорот, за да може што поскоро да го облечам дресот на МЗТ Скопје. Ќе дадам се од себе да ја оправдам дадената шанса и да го пренесам знаењето и искуство добиено со тренирањето и играњето во Ц. Звезда и во Галатасарај, порача младиот Наумоски.