Легендарниот НБА кошаркар Двен Вејд пред неколку дена призна дека неговиот 12-годишен син Зион почнува да живее како жена. Тој од родителите сега побара да го викаат Заја.

  • Зион дојде и ни рече: „Сакам да зборувам со вас, подготвен сум да се променам и да живеам како што сакам. Сакам да ми се обраќате со таа и да ме викате Заја“, откри Вејд во познатата емисија „Шоуто на Елен“.

Кога ќе погледнеме како всушност изгледа Зиом, тогаш ќе сфатите дека сака да живее како жена, бидејќи очигледно е дека не се чувствува како машко.

На фотографиите кои можете да ги пронајдете на интернет се гледа дека Зион веќе одамна се облекува како жена, па можеме да претпоставиме дека многумина од претходно и се обраќале во женски род.

Инаку, Вејд и неговата сопруга Габриеле, ја прифатиле одлуката на синот.

  • Улогите и обврските како родители ги прифаќаме многу сериозно. Наша работа е да го сослушаме детето и да му помогнеме на најдобар начин. Тоа не ја менува оваа ситуација, истакна Вејд.

Покрај Зион, Вејд има уште три деца – Заира, Ксавиер и Каваи. Заира на највозрасна, има 18 години и се занимава со кошарка. За себе вели дека во иднина ќе биде голема кошаркарска ѕвезда.