Синот на легендарниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам, Бруклин (21), наскоро ќе застане на лудиот камен. Тој се вери со својата девојка, 25-годишната Никол Пелц, а се очекува да се венчаат во наредните неколку месеци.

Интересно е што парот се познава само неколку месеци, но се веруваат дека се родени еден за друг, па токму поради тоа се решија на ваков потег.

  • Никол е богата, вредна, амбициозна и полна со почит кон постарите. Одлично се разбираат и би била голема штета доколку својата љубов не ја крунисаат со брак, открива близок член на семејството Бекам за британски „Мирор“.

Бруклин за венчавката добил благослов од татко му и мајка му.