Симулација на масовната ваквинација во Тетово, дневно по 1500 лица ќе примат вакцина против Ковид-19

37

Во спортската сала на медицинското училиште во Тетово, денеска се одржа симулација за престојната масовна вакцинација против Ковид-19. Ова место е предвидено за регионален вакцинален пункт, а надлежните по симулацијата истакнаа дека од утре масовната вакцинација може непречено да почне.

Пунктот ќе работи во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, а се обезбедени 20 кабини каде ќе се одвива вакцинацијата со кинеските вакцини на „Синофарм“.

– Процесот на подготовката на овој пункт е завршен, а денес ја вршиме главната проба како тој ќе функционира. Од Тетово до сега за вакцинирање се пријавени 11.000 лица но, со отварањето на овој пункт овој број сигурно повеќекратно ќе се зголеми. Првата пратка е од 4.200 вакцини само за овој пункт веќе е пристигната. Во процесот на вакцинирањето ќе бидат вклучени 40 медицински работници кои ќе работат во две смени, имаме и дополнителни медицински сестри за водење на администрацијата, а на располагање се ставени и 10 лекари со кои граѓаните ќе можат да се консултираат пред да ја примат вакцината. За вакцините кои овде ќе се користат има обезбедено соодветни ладилници кои се унифицирани според Министерството за здравство за овој вид вакцина. Во првите два до три денови ќе се вакциниораат по 1.000 лица дневно, а за во наредниот преиод тој број да се зголеми до 1.500 колку што е капацитетот на овој вакцинален пункт“, изјави Боривоје Јоргаќиески, директор на Здравствениот дом во Тетово.

Општина Тетово  ја даде техничката поддршка и ја обезбеди оваа спортска сала како простор каде ќе се одвива вакцинацијата. Во организацијата на процесот на вакцинирање ќе помагаат војници и полицијци.

– Обврска на Општина Тетово беше да обезбеди техничка и опремување на оваа спортска сала како и техничко следење и организирање на регистрацијата. Апелирам до сите граѓани не само да се вакцинираат, туку и откако ќе го добијат терминот за вакцина истиот да го почитуваат за да може целиот процес да биде ефикасен и брз, рече градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи.

Инаку досега при вакциналниот пункт во Здравствениот дом во Тетово се вакцинирани околу 1.600 лица.