Симоне Инзаги нов тренер на Интер

31

Поранешниот предводник на Лацио, Симоне Инзаги го презеде Интер. Четириесет и петгодишниот фудбалски стручњак потпиша двегодишен договор со „нероаѕурите“.

На функцијата, тој го наследи Антонио Конте, кој минатата сезона го водеше миланскиот клуб до победа во италијанскиот шампионат.

Инзаги беше фудбалер на Лацио од 1999 до 2010 година, освојувајќи го шампионатот на Италија, Купот на Италија (три пати) и Суперкупот на Италија, како и Суперкупот на УЕФА.

Како тренер на римскиот тим од 2016 до 2021 година, еднаш го освои Купот на Италија и двапати Суперкупот на Италија.